Вршителот на должност градоначалник на Охрид, Константин Георгиески ги има испуштено од раце сите работи поврзани со градот, пишува порталот Охрид24.
-Работите почнуваат да му излегуваат од контрола. Искасано четиригодишно дете на Градскиот плоштад, а од Здравствен дом не одговорил никој на повикот за помош. Потврда оттаму се уште нема за несреќниот случај. На секој чекор дивоградби, дупки по улиците, пожарите не стивнуваат, нехигиената на највисоко ниво, депонии насекаде и што ли уште не во градот, пишува порталот.
Охрид и охриѓани се дават во проблеми. Ветуваниот живот никако да дојде.