Актуелно 08.07.2018 16:14

Над 10.000 граѓани се приклучија на мирниот марш во Струмица, граѓаните јасно порачаа дека се против договорот со Грција

Над 10.000 граѓани се приклучија на мирниот марш во Струмица, граѓаните јасно порачаа дека се против договорот со Грција

Над 10.000 граѓани денес се придружија на мирниот марш кој го организираше ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. Граѓаните јасно го изразуваат своето незадоволство од договорот потпишан со Грција според кој Македонија го менува уставното име во Република Северна Македонија, а меѓу другото се откажува од малцинствата, идентитетот.

Јас му Македонец, а ти? се само дел од пораките на граѓаните кои недвосмислено во огромен број истакнуваат дека не даваат поддршка за промена на уставото име на Република Македонија. Скандирајќи „Македонија, Македонија“ и пеејќи ја песната „Едно име имаме“ граѓаните маршираа низ струмичките улици. Дел од атмосферата на денешниот протест може да погледнете од фотографиите во продолжение.