Двата најголеми азиски снабдувачи на „Apple“ најавија добро зголемување на месечните приходи, со што потенцијално ги смируваат стравувањата на инвеститорите дека побарувачката на „iPhone“ го достигна најлошиот момент во својата историја, пишува „Bloomberg“.
„Taiwan Semiconductor Manufacturing“ и „Hon Hai Precision Industry“ забележаа раст од 5,6% на ноемвриските приходи од продажбата – значително зголемување, со оглед дека доставувачите на „Apple“ во светот ги намалија прогнозите за приходите, одразувајќи го падот на побарувачката на главниот производ на американската компанија.
Иако резултатите се за само 30 дена, претставувањето на „TSMC“ и „Hon Hai“ е во рамките на најклучниот квартал од годината и може да помогне за балансирање на реториката во однос на најновите производи на „Apple“, особено за „iPhone XR“, за кој се тврди дека не успева да привлече повеќе нови корисници низ целиот свет.
Ноемвриските приходи на „Hon Hai“ достигнаа 601.4 милијарди нови тајвански долари (19.5 милијарди долари). Тие се рекордни за овој месец и ги зголемуваат приходите од јануари-ноември до близу 16%, блиску до најбрзата годишна стапка на раст во текот на годините.
Приходите на „TSMC“ достигнаа 98,4 милијарди долари, иако зголемувањето се забавува наспроти октомври, а тоа можеби покажува слабеење на нејзината позиција како главен производител на чипови за најскапите уреди на „Apple“.
„TSMC“ и „Hon Hai“ ја зголемија својата вредност за повеќе од 1% во Тајпеј.
Од „Lumentum Holdings“ до „Cirrus Logic“ и „Qorvo“, повеќе добавувачи на „Apple“ ги намалија прогнозите или се претставија полошо од очекуваното во последните месеци. Ова ги зголемува стравувањата за изгледите на „iPhone“, бидејќи конкуренцијата станува поголема и потрошувачите чекаат подолго време за да купат нов уред.
„TSMC“, која страда и поради проблемите на пазарот на криптовалути, успеа да ги разочара инвеститорите со слабата прогноза за приходите за кварталот, завршен во декември. Сепак, оваа прогноза може да се одрази поради неизвесноста околу заострувањето на трговските односи меѓу САД и Кина, велат аналитичарите.
„Apple“ придонсува за околу половина од приходите на „Hon Hai“ и околу една петтина од „TSMC“, според податоците презентирани од „Bloomberg“.