Иранецот Али Мухамадин стана национален херој кога во знак на солидарност ја избричи главата. Го пофали и претседателот Рохани.
Да се биде наставник тешка е, слабо платена и особено напорна работа. Среќа што овие факти не го обесхрабриле Иранецот Али Мухамадин кога тој го избра својето занимање. Тој е предавач во основното училиште, а во Мариван стана национален херој откако ја избричи главата заради солидарност со болен ученик.
Мохамадин се одлучил на тој чекор откако забележал дека децата во училницата му се потсмеваат на болниот Рахмија Махана, кој ја загубил косата, пишува Гардијан. Четириесет и пет годишниот наставник потоа се сликаше со болното момче, а фотографијата ја објави на Фејсбук на почетокот на јануари.
– Нашите глави се чувствителни на косата. Махан беше изолиран откако стана ќелав, од неговото лице исчезна смеата и бев многу загрижен за неговите оценки. Затоа решив да ја избричам мојата глава за да му помогнам да се врати на вистинскиот пат – тој напиша во знак на поддршка. Наскоро тој собра “лајкови” на илјадници Иранци. Преку ноќ стана сензација. Тој се појави на телевизија и беше на прием кај Министерот за образование.
Следуваа најдобрите реакција на сите – соучениците кои се исмејуваа на болниот колега, исто така, ја избричија главата!
Задоволниот наставник не го крие задоволството со промена на однесувањето на своите ученици. Не го крие ниту претседателот, Hasan Rohani, кој лично го пофали и понуди финансиска помош за лекување на момчето. Иранските лекари открија дека малиот Махан има проблем со имунолошкиот систем. Не е јасно точно од што боледува, а лекарите се надеваат дека во поставувањето на дијагнозата ќе им помогнат колегите од Германија со кои тие соработуваат.