Живот 10.08.2018 11:03

Не пијте вода додека јадете!

Не пијте вода додека јадете!


Повеќето луѓе имаат лоша навика да пијат вода додека јадат. Тоа не е добро и мора да престанете тоа да го правите.

Процесот на варење започнува во устата, и затоа е важно храната добро се соџвака. Не брзајте. Тој процес помага во лачењето на плунката која ја омекнува храната.

Плунката содржи околу 98% вода и 2% ензими кои ги разлагаат тие супстанци. Ако пиете вода или друг пијалок додека го јадете, го отежнувате варењето и го намалувате лачењето на плунката.

Храната оди во желудникот каде што под дејство на хлороводородната киселина и ензимите се разлага на поедноставни компоненти. Во колку пиевте вода додека сте јаделе, ќе ги разредите дигестивните сокови, ќе го забавите дејството на ензимите и само ќе го продолжите процесот на варењето на храната.

Нема да има доволно желудочен сок за да ја разложи храната. Ќе остане повеќе од несварената храна која ќе се апсорбира понатаму во дигестивниот систем.

Обидете се да го избегнувате ваквиот начин на пиење вода додека јадете. Подобро е да пиете половина час или дури 2 часа по оброкот. Се разбира, можете да пиете пред јадење, но најдобро половина час пред јадење.