Актуелно 03.10.2018 18:47

НЕТПРЕС: Молк од МВР по информацијата дека „Код Секјурити Груп“ е основана од телохранителите на Заев

НЕТПРЕС: Молк од МВР по информацијата дека „Код Секјурити Груп“ е основана од телохранителите на Заев

Министерството за внатрешни работи нема одговор на прашањето дали вработени во полицијата кои се дел од обезбедувањето на премиерот Зоран Заев основале агенција за обезбедување во Струмица, а во која како основач се јавува и познат струмички криминалец, пишува Нетпрес.

Како што вчера објави НетПрес, „Код Секјурити Груп“ ДОО Струмица е најновата агенција за обезбедување под контрола на СДСМ, а во која се директно инволвирани вработени во Шестата управа на МВР.

НетПрес уште минатата недела побара одговор од министерството дали Александар Трајков, познат во јавноста како телохранителот на Заев кој го придружуваше и пред да стане премиер, потоа Николчо Колев и Стево Трајков, и двајцата исто така обезбедување на претседателот на СДСМ се вработени во полицијата, но до денеска не добивме одговор.

Алексндар Трајков, неофицијално, не е повеќе вработен во МВР, но не е познато дали бил кога била основана агенцијата во јули годинава.

Освен што е спорно што припадници на МВР основаат агенција за обезбедување и се вработени во неа, нема одговор од Комората на РМ за приватно обезбедување дали „Код Секјурити груп“ воопшто има добиено дозола за работа од МВР.

Според Законот за приватното обезбедување, дозвола за работа на агенциите им издава МВР, а сите правни лица кои дејноста приватно обезбедување ја вршат во вид на давање на услуги се здружуваат во Комората заради заштита и унапредување на стручноста, професионалноста и деловноста и заради заштита на професијата. На интернет страницата на Комората, пак, на листата од 50 агенции членки на Комората ја нема „Код Секјурити груп“.

Целиот текст објавен на порталот Нетпрес ТУКА.