Нема ниту објава на име, ниту позната локација, а уште помалку најава за нови врабиотувања таму.
Во интервју дадено за „Фајненшл Тајмс“, Заев рече дека во Македонија доаѓа голем инвеститор од автомобилската индустрија.
Со оглед на фактот дека освен помпезна најава, во оваа насока нема ништо друго кажано или најавено, КУРИР денес испрати прашање до Владата:
„До каде е постапката со најавената нова инвестиција од сегментот на автомобилската индустрија, а која беше најавена од премиерот Зоран Заев во неговото интервју дадено за „Фајненшл Тајмс“?
Одговор сè уште немаме добиено.
Дали оваа најава на Заев е само едно од низата лажни ветувања или пак Владата крие нешто друго, допрва ќе дознаеме.
Едно е сигурно, економската состојба во Македонија е далеку од поволна за инвестирање и затоа низа светски компании кои планираа влез во нашата земја, својот капитал го вложија во некоја од соседните земји.