Актуелно 04.09.2018 13:48

НЛБ Банка со две промотивни кампањи од 1- ви септември!

НЛБ Банка со две промотивни кампањи од 1- ви септември!

НЛБ Потрошувачки кредити без трошоци за одобрување, електронско банкарство за правни лица без трошоци за плаќања, како и бесплатна Mastercard Business картичка, се поволностите што ги нуди НЛБ Банка преку две промотивни кампањи кои стартуваа од 01.09.2018 година!

Во рамките на понудата за физички лица, НЛБ Банка нуди потрошувачки кредити со поволни кредитни услови и каматни стапки. Каматните стапки на НЛБ Потрошувачките кредити почнуваат од 6% годишно, при што каматната стапка е фиксна за првите две години. Во рамки на промотивната кампања која ќе трае до 31 октомври, кредитите со животно осигурување ќе се одобруваат без манипулативни трошоци, а сите останати со 50% пониски трошоци.

Исто така, отсега клиентите ќе имаат можност да аплицираат online за НЛБ кредитите, со брза и едноставна постапка за одобрување на кредитот.

Втората промотивна кампања се однесува за НЛБ Проклик – електронско или НЛБ мПроклик мобилно банкарство. Сите правни лица што ќе аплицираат до 30.09.2018 година ќе можат да ги реализираат сите свои електронски плаќања без трошоци за електронско банкарство до крајот на октомври. Исто така имаат можност да добијат бесплатна Mastercard Business картичка за првата година на користење и промотивен подарок.