Живот 19.10.2018 19:19

Објавени правила пред да правите анализа на крвта

Објавени правила пред да правите анализа на крвта

Лабораториските анализи пожелно е да се работат “на празен стомак”, што значи дека пред да вадите крв полни 12 часа не треба да се јаде. Во утринските часови, на денот на вадење на крвта, дозволено е да се испие малку вода, а исклучоци се прават само во итни случаи.

Зошто?
“Со оглед на тоа дека храната и продолженото гладување имаат директен ефект врз метаболизмот на јагленохидратите, липидите и протеините, некои анализи потребно е да ги направите на празен стомак. Притоа ефектот на протеинските (месни) оброци е поголем од ефектот на оброкот со јаглени хидрати (леб, тестенини, торти)”.

На празен стомак се прават анализи на гликозата во крвта, триглицеридите, холестеролот, витаминот B12, фолната киселина, алкалната фосфатаза, бета-CrossLaps-от (маркер на коските), остеокалцинот, железото, кортизолот, како и кога се прави тест издишување на хеликобактеријата, PTH и хомоцистеинот. Спротивно на тоа, не треба да гладувате за да го одредите туморскиот маркер.

Пред вадење крв
Последниот оброк пред утрешното вадење на крв може да биде лесна вечера, и тоа не подоцна од 19 часот. Утрото на денот на вадење на крв не е дозволено ништо друго освен малку вода, а 48 часа пред вадење на крвта, да се избегнат лекови (освен задолжителните), посилен физички напор и алкохол.

Маснотии во крвта
Две недели порано, треба да се храните нормално. Избегнувајте вежбање и алкохол два дена пред да ја вадите крвта. На ден пред вадење крв се препорачува немасна храна и избегнување кафе по 19 часот.

Вадење на крвта не треба да се спроведува пред да поминат 8 недели од акутен миокарден инфаркт, хируршка операција, траума, бактериска или вирусна инфекција.

Определување на железо во крвта
Два дена претходно, не пијте сокови збогатени со витамини (боровинки, црна рибизла, капина, цвекло), цедевита и BlackBerry вино, бидејќи може лажно да го зголемат железото, па резултатите нема да бидат валидни.

Толеранција на гликоза (OGTT)
Пациентите не треба да јадат најмалку 8, а најмногу 12 часа. За време на тестот, пациентот постојано е во лабораторија. За тоа време, не смее да пуши, да јаде, да пие, ниту да се изложува на напори.