Со доаѓањето на зимата, градовите во западен Балкан се гушат во смог предизвикан најмногу од илјадниците оџаци и издувните гасови од старите автомобили.
Единствено од загаденово време, задоволни се и тријат раце продавачите на прочистувачи на воздух.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), на листата на десетте најзагадени градови во Европа, пет се на Балканот, од кои три се од Македпнија – Скопје, Тетово и Битола, следи Тузла (Босна и Херцеговина) и Плевља (Црна Гора).
СЗО предупредува дека ова предизвикува огромна штета за луѓето и економијата. Според студијата на СЗО од 2016 година, се проценува дека во 2010 година загадувањето на воздухот било причина за повеќе од 37.000 смртни случаи во Западен Балкан кој брои 23 милиони луѓе. Ова во однос на населението е шест пати повеќе отколку во Франција, но од тогаш не презеле никакви мерки за борба против загадувањето.
Меѓу многу загадените е и Сараево, град кој во текот на зимата е целосно покриен со густ смог.
Проблемот со загадувањето на воздухот многу влијае на жителите на нашиот главен град.
“Прочистувачите на воздухот се продаваат како “алва”. Луѓето ги празнат своите паричници, како би можеле барем дома да вдишат чист воздух”, вели еден продавач.
Ситуацијата во Скопје е “неподнослива”. Никогаш немало толку многу болни деца кои постојано кашлаат. Од година во година е се поголем бројот на хронични пациенти.