Актуелно 02.08.2018 14:36

Охрид ги чествува двата Илиндена

Охрид ги чествува двата Илиндена

Градот Охрид денеска ги чествува двата Илиндена со положување цвеќе пред паметниците на Илинденците и на учесниците во НОБ што загинаа во Втората светска војна.

Во знак на одбележување на Денот на Републиката градоначалникот Јован Стојаноски положи цвеќе пред спомен-обележјето на Илинденците во Градскиот парк.

Празничната свеченост беше збогатена со историски час што по повод јубилејот го одржа професорот по историја Ристе Николески. Цвеќе пред споменикот положија и граѓани и личности од општествениот и политичкиот живот во градот.

Делегација на општина Охрид цвеќе положи и пред пред спомен-обележјето на паднатите борци во Востанието на Рашанец и на загинатите во НОБ во селото Плаќе и кај Прентов мост. Цвеќе положи и делегација на Сојузот на борци од Охрид.

Во рамки на илинденските празнувања и верскиот празник Свети Илија во Плаќе се организира и сенароден собир со богата културно уметничка програма