Угостителите и охриѓани чии куќи се наоѓаат на самото крајбрежје, посебно во стариот дел на Охрид, се закануваат дека ќе ја тужат државната ЕЛЕМ доколу под итно не се превземат мерки за регулирање на високиот водостој.
– Не само да поднесеме кривични пријави,ова го кажуваме и познато им е на тие кои со закон се задолжени да стопанисуваат со Охридскто езеро, меѓутоа ние не можеме да ги трпиме последиците од некое несовесно или профитерско размислување на некаква компанија независно дали е приватна, државна или било каква, изјава Димитар Зарчев-жител на Охрид.
Високиот водостој предизвикува огромни штети,не само што целосно е промената бреговата линија, она што посебно загрижува е тоа што поради постојаните осцилации на водата,нарушена е стабилноста на куќите и останатите објекти на целото крајбрежје.
– Се јавува подлокување при повлекување на водата и стабилноста на објектие е доведена во прашање,и на све што е околу крајбрежјето. Осцилациите на високо подземите води предизвикуваат други последици кои се манифестираат на различни начини, изјава Димитар Зарчев-жител на Охрид.
Да не не залажува убавото време, последниве 3 месеци и во услови на мирно време без ветар езерото преплавува, што значи водостој е многу висок-велат угостителите.
– Ова е проблем на целото крајбрежје на Охридското езеро и повозрасните жители на Охрид се веќе вознемирени од самата состојба, бидејќи не ја паметат како таква и нивните загрижености се навистина оправдани и мора да се реагира по тој основ.Бидејќи сите сме свесни и од стручно упатени лица сме информирани дека водостојот е исклучиво во надлежност на човекот, на службите кои стопанисуваат со езерото, изјава Михаил Мишев-на угостители.
Нивото на езерото денес е 18 сантиметри над максимално дозволената кота, што е пониска во однос на претходните денови, но сепак ова е загрижувачка состојба.Проблемот со кој се соочуваме во еден голем временски континуитет од ден на ден предизвикува се поголеми последици. ЕЛЕМ не смее Охридското езеро од природен резерват да го претвора во акумулационен базен –велат охриѓани.