Општина Кавадарци ќе додели субвенции за набавка на печки на пелети и инвертер клима уреди, со сума не повисока од 15.000 денари.
Јавниот оглас ќе биде распишан во текот на месец август и ќе биде реализиран на принципот прв дојден прв услужен.
За оваа намена општината преку пресконференција вели дека одвоила еден милион денари од буџетот на општината.