Драги деца, мајки, татковци, роднини и мили комшии, не давајте вие ОТКАЗ, туку ТИЕ кои издејствувале да ве вработат“!
Ова е само еден од статусите на револтирани граѓани кои реагираат на постапките на лицата обвинети за непотизам.
Откако јавноста жестоко го критикуваше вработувањето само на роднини на функционери на СДСМ, од власта паднаа под притисокот и дури тогаш овие лица решија да покажат “морал“.
Мајката на портпаролот на СДСМ, доби вработување во Централен регистер во Струмица. Потоа осамна информацијата дека Фанија Костадинова, мајката на Костадин Костадинов, ќе се повлече од работното место.
Еден друг статус, во оваа насока вели:
„Костадинов вели дека тоа што мајка му си дала оставка било чин на висок морал. Господине Костадинов, Вашата мајка мораше да си даде оставка оти премиерот така кажа. Оставка од што се мора, не е исто што и оставка од морал. Висок морал е воопшто да не си ја вработите сопствената мајка“.
Челниците на СДСМ и нивните најблиски соработници можеби очекуваа незабележително да помине фактот што на убави позиции си ги вработија најблиските. Иако дел од нив сега се одлучуваат на оставки, јавноста уште погласно ги критикува нивните чекори.