Животот на милиони луѓе во светот би можел да се спаси секоја година до 2050-та, кога би се намалило загадувањето на воздухот, а тоа е зацртано во Парискиот договор за климатски промени, покажа најновиот извештај на Светската здравствена организација.
Извештајот претставен на конференцијата на ОН за климатски промени во Катовиц во Полска, ги нагласи негативните предизвикувачи на загаденоста на воздухот, што е резултат на човечкото делување врз здравјето на луѓето, а на државниците им предлага решение на тој проблем.
„Цената на климатските промени е видлива во нашите болници и на нашите бели дробови“ рекла Марија Неира, директорка на одделот за јавно здравје при СЗО. Таа додава дека кога ќе се земе во предвид здравјето, намалувањето на климатските промени е можност, а не трошок.
Главниот поттикнувач на климатските промени – согорувањето на фосилните горива, е еден од главните причинители на загадувањето на воздухот, што годишно во светот доведува до 7 милиони смртни случаи и создава загуби на здравствените системи од 5,1 милијарди долари, проценува СЗО.
Во 15 земји во кои се испушта најмногу стакленички гасови, влијанието на загадениот воздух на здравјето на луѓето стои повеќе од 4 отсто од нивниот БДП, тврди организацијата.