Актуелно 29.01.2019 11:09

Петре Шилегов парите наменети за култура на Град Скопје ги подели на најблиските (ФОТО)

Петре Шилегов парите наменети за култура на Град Скопје ги подели на најблиските (ФОТО)

Град Скопје ги објави добитниците на Конкурсот за финансирање на манифестации, проекти и творештво  на  други корисници и чинители преку кои се остварува локалниот интерес во културата за 2019 година.

Петре Шилегов не пропушти да ги награди и да подели пари на  своите најблиски соработници и пријатели од светот на културата.

Неговиот Шеф на кабинет, Никола Наумоски, кој е истовремено и братучед на министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, добил  180 илјади денари за неговото Здружение за активизам, теорија и уметност „Плоштад Слобода“ за проектот Град за сите: Модерна за деца. Се делат пари од кабинетот на градоначалникот за луѓе од кабинетот на градоначалникот.

Шилегов го награди и Мирко Попов, и неговата фирма ПМГ Рекордс ДООЕЛ со 150 илјади денари за организирање на фестивал. Мирко Попов којшто деноноќно користи говор на омраза и важи за голем поддржувач на владејачката партија.  Мирко и е познат на јавноста и по  изјавата дека доколку би имал власт би ги запалил сите цркви во Македонија.

Ниту Роберт Алаѓозовски, националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка во Владата на СДСМ, не е заобиколен во делењето на пари од Град Скопје. Здружението на граѓани „КОНТРАПУНКТ“, каде тој е еден од основачите од Шилегов добило 100 илјади денари за КРИК, фестивал на критичка култура.