Актуелно 08.11.2018 12:53

„Пежо“ излета од патот Кичево-Мак.Брод, момче со тешки повреди пренесено во Ургентен

„Пежо“ излета од патот Кичево-Мак.Брод, момче со тешки повреди пренесено во Ургентен

Дваесет и едно годишно момче е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 08.00 часот на патот Кичево–Македонски Брод, во близина на место викано „Бели Мостој“.

-З.А.(31) од село Зајас, управувајќи патничко возило „Пежо 206“ со охридски регистарски ознаки, излетал од коловозот и се превртел. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот  В.Д.(21) од село Горно Строгомиште и бил пренесен во Ургентен Центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, информираат од МВР.

Возачот З.А. и сопатникот Р.Л.(20) од село Горно Строгомиште се здобиле со телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.

Најнови вести