Актуелно 02.11.2018 11:45

По цела година мандат на Шилегов, Скопје е шести најзагаден град во светот

По цела година мандат на Шилегов, Скопје е шести најзагаден град во светот

Работата на Шилегов за околу ветувањето за загадениот воздух граѓаните започнаа да го чувствуваат. Имено Скопје синоќа беше еден од најзагадените градови на светот. Тој се најде на шестото место по загаденост во светот на глобалната апликација Ер Вижуал („Air Visual“).

Индексот, кој го сочинуваат вредностите од ПМ10, јаглерод моноксид, јаглерод и натриум диоксид и озон, за Скопје покажа вредност од енормни 160, и градот се најде во друштво со традиционално најзагадените градови како Лахоре, Њу Делхи, Ченгду и Пекинг.

Најалармантно синоќа беше кај Ректорат со измерени 240 ПМ честички на метар кубен, односно пет пати над дозволените граници.

Шилегов на предизборен митинг во Скопје на 8 октомври минатата година, рече дека здравјето на граѓаните и потребата од чист воздух, се нивна „света должност“ и нивна обврска.

Во пресрет е нова зима, а стратегиите и мерките на централната и локалните власти за аерозагадувањето се само на хартија, нема решенија за запирање на загадувањето. Постојат многубројни докази дека загадувањето предизвикува илјадници смртни случаи во изминативе години и десетици илјади случаи на заболувања од рак, нарушувања на белите дробови и срцето и други.

Шилегов во екот на изборната кампања вети 24 часовна инспекција со дежурства на инспекциите вон работно време, покривање на најризичната жешка точка – депонијата со пестицидот линдан во ОХИС од каде се шири токсична прашина со канцерогениот пестицид, заштита на зелените површини и приоритет на воздухот во урбанистичките планови, ревизија на ГУП на Град Скопје, формирање на зелени коридори, зголемување на буџетот за заштита од загадувањето, воспоставување на пешачка зона во центарот на градот, се само дел од вкупно предложените 39 мерки, кои се наведени во апликацијата „Мој воздух“ каде е поставен бројач за исполнување на овие обврски.

Но само за една година, само едно ветување е исполнето, ако оди со истата динамика, за 4 години ќе исполни 4 мерки против загадувањето. Шилегов дури при изборната кампања изјави дека до 2021 година Скопје ќе стане зелена европска престолнина.

А, со оваа динамика Скопје е доста далеку од зелена европска престолнина.