Актуелно 25.11.2018 16:00

По предлог на директорот поскапуваат билетите во скопската Зоолошка?

По предлог на директорот поскапуваат билетите во скопската Зоолошка?

Од јануари влезот во скопската Зоолошка градина најверојатно ќе поскапи, објавува порталот Вечер.

Цената ќе се зголеми само кај билетот за возрасни и тоа од 50 денари на 80 денари. Билетот за децата останува ист 50 денари за дете, а влезот за деца до три години исто така ќе остане бесплатен.

Ова е предлогот на менаџментот на скопската Зоолошка кој ќе го достави на усвојување пред градските советници и кои ќе одлучат дали ќе има или не зголемување на цената. Како причина за барањето за повисока цена од ЗОО Скопје ги наведуваат низата инвестиции преземени изминатите месеци, како и пристигнувањето на новите животни кои носат нови трошоци.

-За цената на влезот не одговарам лично јас одговараат и градските власти. Предлогот доаѓа од мене, но предлогот ќе биде доставен кога ќе завршиме со некои инвестиции и кога ќе пристигнат новите животни тогаш ќе бараме да ја покачиме цената на картата бидејќи ќе треба храна за сите тие животни и одржување на зоолошката. Тоа би било од јануари следната година и не би било драстично зголемување плус 30 денари на билетот за возрасни, вели директорот на ЗОО Скопје, Ѓорѓи Галетановски.