Белгиjците од „Глаксосмитклајн“ ќе доаѓаат во Македонија за да проверат како се случил скандалот со нивните вакцини кои имале рок на траење, но им биле залепени декларации со поминат рок. Инспекторатот проверува како здравствените домови примиле вакцини со погрешни декларации и кој е виновен, а првичните резултати ќе мора да се кажат и на произведувачот на Приорикс вакцината од Белгија кои се известени за македонската грешка, објави Телма.
Скандалот се уште се истражува и министерот не сака да прецизира какви санкции ќе се преземат против увозникот Македонијалек кој им се извини на граѓаните за како што наведе малата техничка грешка со декларацијата која предизвика паника и меѓу граѓаните и во здравствените редови. Министерот вчера најави и можно одземање на лиценцата на компанијата и прекин на договорите доколку не превенирале очигледен пропуст. Македонијалек е една од вкупно две веледрогерии кои увезуваат вакцини. Тие ја набавија последната тура од 90 илјади вакцини за МПР, а на дел од нив имаше грешка со декларацијата. Тоа предизвика и нови протести синоќа пред министерството, а противниците на задолжителната вакцинација велат дека ќе поднесат и пријави против Филипче, анализира телевизијата.
-Филипче пак одговара дека има аргументи оти јавното здравје е над индивидуалното. Од министерството тврдат дека има доволно вакцини и дека досега се вакцинирале над 10 проценти од вкупно 15 илјади невакцинирани деца во главниот град. Продолжува вакцинацијата, но продолжуваат и нови случаи на морбили. Откриени се два нови случаи еден во Радишани, втор во Аеродром. Случајот во Аеродром е потврден и со анализа на крв. Новите случаи може да ја продолжат епидемијата и да опфатат и дел од ппрвата недела на второто училишно полугодие, објави Телма.