Според најновиот извештај објавен од страна на Министерството за финансии за големината на јавниот и државниот долг видливо е дека долгот континуирано се зголемува без некакви позитивни ефекти во економијата.
Имено, државниот долг надмина сума од четири милијарди евра, додека пак јавниот долг надмина сума од пет милијарди евра. Бројките го велат следново а тоа е дека државниот долг на крајот на 2017 година бил 3,95 милијарди евра, додека пак во првиот квартал од оваа година тој пораснал на 4,27 милијарди евра. Јавниот долг пак од 4,78 милијарди, пораснал на 5,08 милијарди евра.
-На крајот од првото тримесечје државниот долг изнесува 39,7% од Бруто домашниот производ (БДП), додека јавниот долг изнесува 47,2% од БДП. Споредено со крајот на 2017 година, државниот долг е повисок за 0,3 процентни поени, додека јавниот долг е понизок за 0,3 процентни поени, велат од Министерството за финансии.
Ако се направи една поделтална анализа на движењето на јавнот и државниот долг низ годините јасно и недвосмислено е дека од 2005 до 2008 година има намалување на јавниот долг односно тој период е пропратен со зголемување на инвестиционата активност. Така Република Македонија својот позасилен обем на заложба за привлекување на странски инвестиции го започна од 2006 и 2007 година кога според добиените показатели, нивото на СДИ во 2007 година изнесувало 699,1 милиони долари за разлика од 2006 каде имаме 424,2 или учество во БДП од 6,5%.
Според експертите во овој период има зголемување на инвестиционата активност односно во периодот од 2006 до 2007 каде што таа инвестициона активност има најголемо учество во БДП таа што знали дека нормално е да се очекува намалување на јавниот долг.
Понатаму, ако се земат како пример годините 2017 и 2018 имаме состојба на енормни задолжувања кои се пропратени со намалување на инвестиционата активност а со тоа и намалување на инвестиционата активност во БДП . Додатно експертите коментираат дека вака како што стојат поставени работите проектираниот раст на БДП ќе биде под 3 % и нема да ги исполни очекувањата на владата за раст од 4% на БДП за 2018 година.