Живот 20.09.2018 09:52

Подмладете се за 13 години

Подмладете се за 13 години

Најновата студија покажа дека ситуацијата всушност е многу полоша отколку што до сега се мислело.

Седечкиот начин на живот е поврзан со развојот на многу болести, особено со развојот на дијабетес и кардиоваскуларните болести. Најновата студија покажува дека ситуацијата е всушност многу полоша отколку што е.

Освен дијабетес и кардиоваскуларни болести, голем број луѓе кои се седат се со поголема веројатност за развивање некој вид на рак, особено кај жените.

Студијата чие истражување траело полни 17 години покажа дека особено на жените кои седат повеќе од 6 часа дневно, им се заканува поголема можност за развој на рак на дојка, рак на јајчници и рак на крвта (леукемија) од оние кои седечки поминуваат помалку од 3 часа, пишува LiveScience. Тие имаат дури 10% повеќе можности за развој на некаква форма на рак за разлика од другите.

Истражувањето на Американскиот центар за превенција на болеста на рак опфати околу 70.000 мажи и 77.000 жени на различна возраст, а беше спроведено од 1992-2009 година. Се покажа дека повеќе од 12.000 жени и 18.000 мажи опфатени со истражувањето, имаат развиено некои форми на рак. Истражувањето опфаќало голем број фактори, вклучувајќи го индексот на телесна маса и физичка активност.

Меѓу мажите кои учествувале во истражувањето не е докажана директна врска помеѓу појавата на болеста поврзана исклучиво со седење. Но, она што студијата го покажала е дека процентот на болестите на рак се зголемил за 11% кај мажите кои седат повеќе од 6 часа и имаат проблем со прекумерна тежина.

Оваа студија е само една од серијата објавени оваа година. Сепак, во 2010 година се докажа поврзаноста помеѓу голем број на часови седење и развој на дијабетес тип 2. Таа студија била меѓу првите која нѐ принуди на размислување за начинот на користење на нашето слободно време, и многумина ги поттикна на воведување на физичка активност во секојдневниот живот.

Студијата покажа и дека жените кои седат повеќе од 6 часа дневно имаат 37% поголеми шанси да умрат порано од оние кои седечки поминуваат 3 часа или помалку на ден. Тие во просек ќе живеат 13 години подолго од жените кои седат повеќе од 6 часа дневно.