Банкарство 31.10.2018 11:24

Пораст на штедните влогови на граѓаните

Пораст на штедните влогови на граѓаните

И во услови на политичка криза штедењето кај граѓаните расте. Вкупните депозити достигнаа 5,6 милјарди евра што е раст од 11 проценти и достигнаа 55 отсто од бруто домашниот производ, покажуваат последните податоци на Народната банка.

Но, и покрај растот на депозитите, Македонија е далеку под просекот на Европската Унија. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежовска, вели дека штедењето е важно за поттикнување на растот на економијата и финансирање на инвестициите.

Ги повика банките да понудат нови иновативни депозити со што ќе донесе до натамошен раст на домашното штедење. По повод денот на штедењето 30 октомври во НЛБ Тутунска банка свечено беше отворена изложбата на детски цртежи на тема штедење и безбедност во сообраќајот. На младите уметници им беа врачени штедни книшки.

„Фактот што депозитниот раст беше остварен во услови на глобалната криза и повеќе економски и политички шокови е потврда за високата доверба на граѓаните во банкарскиот сектор, што во целиот период остана здрав, стабилен, високо ликвиден покажувајќи висока способност за успешно справување со шокови“, рече Ангеловска Бежоска.