Актуелно 01.02.2019 01:30

Портпаролот на СДСМ се фали со инвестиции, а не знае да каже ниту една од нив

Портпаролот на СДСМ се фали со инвестиции, а не знае да каже ниту една од нив

Портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ вечерва имаа телевизиска дебата на телевизија 21.

Гласноговорникот на СДСМ, Костадинов, се пофали со инвестициите кои ги донесе неговата партија во Македонија, но ниту сам не знаеше да каже кои се тие.

-За две години, 17 нови директни инвестиции имаме, рече Костадинов.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски, му рече на својот колега од СДСМ:

-Можете ли да ми ги наброите тие инвестиции? И да ми кажете колку од нив се во индустриската зона Сачево, каде Зоран Заев ветуваше 5000 работни места, праша Арсовски.

Но, Костадинов збунето го гледаше и не можеше да одговори на овие прашања.

Освен граѓаните, кои не гледаат ниту една инвестиција донесена од СДСМ, ниту партискиот портпарол на Зоран Заев, не знае која инвестиција ја донела актуелната власт.