Актуелно 23.11.2018 11:48

Портпаролот на СДСМ Костадинов револтиран поради потфрлување на институциите за бегство на Груевски

Портпаролот на СДСМ Костадинов револтиран поради потфрлување на институциите за бегство на Груевски

Кога зборуваме за правна држава тоа значи дека секоја институција има свои надлежности и има свои одговорности. Кога веќе сме кај одговорноста јас апсолутно го прифаќам револтот кај граѓаните, еве и кај мене постои револт за бегството на Никола Груевски. Но кога зборуваме за одговорност таа одговорност мора да се лоцира, мора да се потврди. Каде е, што е? И после тоа соодветно да се спроведе или да се санкционира човекот кој што го прекршил законот. Како што во случајот оној што му помогнал на Никола Груевски во бегството треба да биде прво лоциран и после тоа соодветно санкциониран, призна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ при гостувањето во емисијата „Само Вистина“.

Со ова Костадинов докажува дека е револтиран од институциите кои ги водат неговите сопартијци. Дали токму портпаролот на СДСМ ја призна грешката на власта дека потфрлила?