Германскиот институт за економски истражувања „DIW“ ја намали прогнозата за економскиот раст на Германија во оваа година за 0,5 процентни поени до 1,9 отсто поради неочекувано слабиот почеток на годината и се повеќето ризици од странство, пренесе „Ројтерс“.
Неизвесноста се јавува главно поради зголемената загриженост за некои европски земји, главно Италија, и можноста да се влоши трговскиот конфликт меѓу САД и остатокот од светот, посочува „DIW“.
Компаниите во светот ги ограничуваат инвестиции поради несигурните изгледи пред бизнисот, а тоа го одвраќа растот на германскиот извоз, додава Институтот.
„DIW“ ја намали прогнозата за растот на германската економија во 2019-та година за 0,2 процентни поени на 1,7 проценти.