Актуелно 27.08.2018 19:03

Пратениците ќе добијат уште една бенефиција: Пратеник што ќе изнајми стан во Скопје добива 400 евра

Пратениците ќе добијат уште една бенефиција: Пратеник што ќе изнајми стан во Скопје добива 400 евра

На денешната седница на Комисијата за избори и именување беше донесен предлог за паричен надомест од 400 евра за пратениците кои ќе одлучат да изнајмат стан во Скопје.

Пратениците имаат избор или да изнајмат стан или пак да патуваат со намалените парични сретства како надомест за патните трошоци.

Оние пратници кои ќе одлучат да изнајмат стан ќе им бидат дозволени сретства за патни трошоци само за викенди и празници од буџетот на Собранието за патни трошоци.
Оние пратеници пак кои ќе одлучат да патуваат со свој автомобил паричните сретства за патни трошоци ќе им биде намален од 30 на 20 отсто, а патарините мора да ги плаќаат со електронски односно со новите картички кои ги издава Македонија пат, или пак со соптвени картички за кои подоцна покрај фискална сметка ќе мора до Собранието да поднесат и печатена потврда со потпис како доказ за платена патарина.

Најнови вести