Актуелно 25.04.2018 20:50

Пријавениот стечаен управител на „Фени Индустри“ го води стечајот и на „Југохром“

Пријавениот стечаен управител на „Фени Индустри“ го води стечајот и на „Југохром“

Во јавноста излегоа многу информации за состојба во која беше „Фени Индустри“ и сите матни работи кои се одвиваа до неговото повторно стартирање , од воведување на стечај до скандал со компаниите кои беа заинтересирани меѓу кои и бугарската „Енекод “и најакуелната информација дека антикорупционери од Брисел, Берлин  и Скопје ќе го испитуваат влијанието на Анѓушев врз стечајот за кавадаречкиот гигант „Фени Индустри“.

Имено, како што пренесува Макфакс канцелариите на „Транспаренси интернешнл“ во Скопје, Берлин и Брисел ќе го испитуваат влијанието на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, врз стечајната постапка за кавадаречкиот металуршки гигант „Фени индустри“. Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешнл – Македонија“, вели дека случајот го иницирала канцеларијата во Скопје откако добила претставки од повеќе засегнати страни, меѓу кои и од „Кунико рисорсис“, компанија која, според неа, сè уште е заведена како сопственик на „Фени“.

„Со двете канцеларии е веќе остварен контакт за проверка на наводите. Во писмото тие наведуваат дека Кочо Анѓушев, заменик-претседател на Владата на Република Македонија, наводно го оркестрира целиот случај со цел компанијата да заврши кај понудувачот ГСОЛ, со што тој ќе успее да го спречи влегувањето на компанијата ‘Енекод’ во Македонија, а со тоа ќе го заштити и уделот што на пазарот го има ‘Енерџи деливери солушнс’, компанија која е во негова сопственост. Ова писмо го испративме до вицепремиерот Анѓушев за да се изјасни по наводите.

За ситуацијата да биде уште поскандалозна стечајниот управител на „Фени Индустри“  Мирослав Анастасиев кој важи за близок човек на актуелниот вице- премиер Анѓушев и актуелниот премиер Зоран Заев се јавува и како стечаен управител во стечајната постапка за „Југохром“.

Понатаму, Мирослав Анастасиев е исто така познат во  јавноста како близок партиски соработник и финансиер на кампањата на СДСМ за време на минатите  предвремени парламентарни избори.

Инаку,  првично се најавуваше дека комбинатот „Југохром“ ќе стартува со работа најдоцна до април оваа година, сепак од тоа ништо не се случи. Како причина за тоа се наведува што фабриката доцни со изградбата на пречистителните станици и еколошките филтри.

Од надлежното министерство истакнуваат дека без исполнување на овие два услови фабриката не може да продолжи со работа. Од таму велат дека законската обврска не е исполнета и поради тоа не може да се дадат рокови кога фабриката ќе почне со работа.

Премиерот Зоран Заев во предизборната кампања им ветуваше на граѓаните на Јагуновце рестартирање на фабриката до крајот на април  изграда на филтри и враќање на вработените во „Југохром“ но и ова ветување не беше реализирано.

Јавноста се прашува зошто истиот стечаен управител кој се јавува и во стечајната постапка во „Фени Индустри“ која ја следат огомен број на скалндали е  ставен за стечаен управител и на стечајната постапка во „Југохром“.Интересен е и фактот што    Мирослав Анастасиев како стечаен управител го има дадено „Југохром “ со план за регорганизација на луѓе  кои се јавуваат и како сопственици во „Фени Индустри“.

Дали се плетат истите мрежи и околу овој гигант и значајна фабрика за македонската економија  како со „Фени Индустри“ и дали ова значи дека додека истите сомнителни луѓе како Мирослав Анастасиев се поставени за водење на стечајната постапка на комбинатот „Југохром “ комбинатот нема да почне со работа  ?

Инаку, комбинатот „Југохром“ вработува преку 700 луѓе на кои основната егзистенција им зависи од рестартирање на оваа фабрика.