Живот 25.10.2018 22:56

Продолжете го животниот век 13 години

Продолжете го животниот век 13 години

ЗАГРИЖУВАЧКИ РЕЗУЛТАТИ
Најновата студија покажа дека ситуацијата всушност е многу полоша отколку што до сега се мислеше.

Седечкиот начин на живот е поврзан со развојот на многу болести, особено со развојот на дијабетес и кардиоваскуларните болести. Најновата студија покажа дека ситуацијата е всушност многу полоша отколку што се мислеше до сега.
Освен дијабетес и кардиоваскуларни болести, голем број луѓе кои се седат се со поголема веројатност за развивање некој вид на рак, особено жените.

Студијата чие истражување траело полни 17 години покажа дека особено на жените кои седат повеќе од 6 часа дневно, им се заканува поголема можност за развој на рак на дојка, рак на јајчници и рак на крвта (леукемија) од оние кои седечки поминуваат помалку од 3 часа, пишува LiveScience. Тие имаат дури 10% повеќе можности за развој на некаква форма на рак за разлика од другите.

Истражувањето на Американскиот центар за превенција на болеста на рак опфатило околу 70.000 мажи и 77.000 жени на различна возраст, а е спроведено од 1992-2009 година. Повеќе од 12.000 жени и 18.000 мажи опфатени со истражувањето, имаат развиено некои форми на рак.

Истражувањето опфаќало голем број фактори, вклучувајќи го индексот на телесната маса и физичката активност.

Меѓу мажите кои учествувале во истражувањето не е докажана директна врска помеѓу појавата на болеста поврзана исклучиво со седењето. Но, она што студијата го покажала е дека процентот на болестите на рак се зголемил за 11% кај мажите кои седат повеќе од 6 часа и имаат проблем со прекумерната тежина.

Оваа студија е само една од серијата објавени оваа година. Сепак, во 2010 година е докажана поврзаноста помеѓу голем број на часови седење и развој на дијабетес тип 2. Таа студија била меѓу првите која нѐ принудила на размислување за начинот на користење на нашето слободно време, и многумина поттикна на воведување физичка активност во секојдневниот живот.

Студијата покажа и дека жените кои седат повеќе од 6 часа дневно имаат 37% поголеми шанси да умрат порано од оние кои седечки поминуваат 3 часа дневно или помалку. Тие во просек ќе живеат 13 години подолго од жените кои седат повеќе од 6 часа дневно.