Гравиолата во лекувањето на малигните болести ги уништува само канцерогените клетки, го штити имунолошкиот систем, го спречува создавањето на смртоносни инфекции и воспоставува нормална работа на органите
На врвот на листата на моќни антиканцерогени растенија, според мислењето на експертите, се наоѓа гравиолата (Annona muricata), чија природна средина е јужниот дел на Мексико, Перу и дел од Бразил, додека најмногу се одгледува на територијата на Северна Америка и западниот дел на Африка. Гравиолата е зимзелено растение со благ и пријатен вкус, кој потсетува на јогурт од јагоди, комбиниран со ананас и банана.
За исхрана се употребува плодот во свеж облик или сокот, а лековито е целото растение – кората, листовите, плодот и семките. Некаде чајот од листовите на гравиолата се користи како средство за смирување и против дијабетис, некаде за лекување на црниот дроб, се препорачува за подобар сон, против болки во жолчката и настинка, но и ккао средство за брзо отрезнување. Во Африка својата примена ја наоѓа како аналгетик и лек за детска треска.
Современите истражувања покажуваат дека гравиолата има силно антиканцерогено дејство. Ако им се верува на експертите, гравиолата ефикасно ги уништува клетките на ракот, и е дури 10.000 пати посилна во однос на современите лекови кои се користат во хемотерапијата.
Освен тоа, за разлика од цитостатиците кои ги уништуваат и здравите клетки, ова растение деструктивно делува исклучително на канцерогените клетки. Лабораториските тестирања покажале дека екстрактот од стеблото на гравиолата ги уништува малигните клетки на 12 видови на рак, меѓу кои карцином на дебело црево, дојка, простата, бели дробови и панкреас.
При лекувањето на малигните болести делува на повеќе нивоа – ги уништува малигните клетки без штетни ефекти како што се мачнини, губење на тежината и косата. Истовремено, го штити имунолошкиот систем, помага во избегнување на смртоносните инфекции, воспоставува нормална работа на органите, ја враќа животната енергија и позитивниот поглед на живот.
Поволно делува и на работата на внатрешните органи, успешно се бори со бактериите и паразитите, ги ублажува депресивните состојби и делува смирувачки на нервниот систем, а го регулира и крвниот притисок. Јужноамериканските Индијанци, меѓу другото, го користат и за лекување на срце, астма, артритис….
Освен антиканцерогените состојки, зрелите плодови на ова растение се вистински извор на витамините Ц, Б1 и Б2, како и на минералот фосфор. Појавата на атипични форми на Паркинсова болест е единствената наведна несакана појава, доколку гравиолата се конзумира во неограничени количини. Најдобар и наједноставен начин за конзумирање е трипати дневно по една чаша сок од гравиола.
Во Америка е направен обид за клонирање на гравиолата, но по овој процес таа веќе ги немала антиканцерогените својства.