Познато е дека медот е еден од најздравите производи во светот. Посебно се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со лошо варење на храната, односно со запек.
Секојдневното консумирање на медот е најдобриот начин целосно да ги искористите сите негови придобивки…
Потребни состојки:
- 2 децилитри млака вода
- 1 полна лажица мед
Начин на подготовка:
- Добро измешајте ги водата и медот, почекајте тој целосно да се стопи и потоа испијте ја напивката.
- Водата мора да биде млака, но никако врела, бидејќи високата температура ги уништува сите хранливи состојки во медот.
Како водата со мед делува на телото?
- Го олеснува минувањето на храната во дигестивниот систем, односно од тенкото во дебелото црево.
- Ги неутрализира гасовите што се произведуваат во дигестивниот систем.
- Го смирува желудникот. Некои истражувања покажале дека помага при лечење чиреви на желудник и бактериски гастроентеритис.
- Одличен е за детоксикација на организмот, односно помага да се исфрлат отровите.
- Ако додадете сок од лимон, ќе стане ваш сојузник за слабеење.
- Делува антибактериски. Сировиот мед е полн со ензими, витамини и минерали кои се борат против штетните бактерии.
- Ги ублажува алергиите, така што му помага на телото да ја намали својата чувствителност на околината.
- Го регулира нивото на шеќер во крвта.