Актуелно 11.06.2018 13:47

Рускиот претседател е во Кина, ја зголемуваат соработката за заштита на мултиполарниот светски поредок

Рускиот претседател е во Кина, ја зголемуваат соработката за заштита на мултиполарниот светски поредок

Русија и Кина ја зголемуваат соработката за заштита на мултиполарниот светски поредок. Двете држави се спротивставуваат на унилатералните економски санкции кои не се одобрени од ОН.
Ова го најави кинескиот претседател Си Џингпинг по разговорите во Пекинг со неговиот руски колега, Владимир Путин.
Енергетските проекти беа акцент. Путин нагласи дека притисокот од Запад ја зголеми политичката и економската важност на Кина за Русија.
Рускиот претседател е во Кина да учествува на состанокот на Шангајската организација за соработка, која се отвора денеска во Циндао.
Тој ќе биде за прв пат во форматот евроазиска „осморка“. Покрај Русија, Кина и четири други земји од Централна Азија, Индија и Пакистан, исто така, ќе учествуваат, веќе како полноправни членки на обединувањето.
Предвидено е да се потпишат документи, вклучувајќи и меморандум за стимулирање на соработката во малите и средните претпријатија. Исто така, се очекува заедничка декларација за олеснување на трговијата.