Финансии 15.05.2018 12:29

Сакате повисока плата, следете ги овие совети

Сакате повисока плата, следете ги овие совети

Посакувате повисока плата на постојаното место, еве неколку совети како правилно да ја побарате.

Пред почетокот на состанокот важно е да се подготвите. Сумирајте ги вашите достигнувања на работа и поткрепете се со докази. Размислете што би можел вашиот шеф да ве праша и да ви приговори. Спремете се со добри одговори.

Алтернатива

Првенствено, запрашајте се ако бидете одбиени дали би останале да работите за истата плата. Може ли да се задоволите ако вашиот работодавач ви понуди друга алтернатива, како службен автомобил, посета на некој курс, или семинар.

Погодете го тајмингот

Размислете за ситуацијата во која се наоѓа вашата компанија. Не бидете нестрпливи. Немојте случајно да го застанете шефот во ходник и да барате повисока  плата. Едноставно, закажете состанок.

Претставете ги своите квалитети

Во текот на разговорот со својот шеф претставете ги своите квалитети. Битно е да покажете дека сте корисни за компанијата. Покажете самодоверба и бидете уверливи во тоа што го зборите.

Слушајте ја другата страна

Едно од најважните правила во преговорите е да умеете да ја слушате другата страна. За да разберете што сака да ви каже мора да прашувате и внимателно да слушате.

Не бидете конфликтни

Изнесете јасно и конкретно што сакате. Запомнете, вие и вашиот работодавач не сте спротиставени страни. Вие треба да соработувате уште долги години со него. Не ја гледајте ситуацијата краткорочно. Вашиот успех треба да биде успех и на вас и на вашата фирма.