Мозаик 25.01.2019 18:47

Сауната може да го намали ризикот од мозочен удар за 60 проценти

Сауната може да го намали ризикот од мозочен удар за 60 проценти

И изложеноста на екстремен студ може да им помогне на луѓето да согоруваат маснотии во телото, да го подобрат имунолошкиот систем … Топло – ладната бања е одлична за здравјето.
Редовното одење во сауна може да го намали ризикот од мозочен удар за повеќе од 60 проценти кај мажите и жените во средни и поодминати години, покажала една нова студија објавена во списанието Neurology.

Во Финска, каде што студијата е спроведена, сауната веќе долго време се смета за средство за создавање на поотпорно тело.

Сите придобивки од одење во сауна
Препораката на експертите е да одите во сауна 3 до 4 пати неделно. При едно користење сауна треба да бидете во неа 20 минути и исто толку да го ладите телото и повторно да влезете на 20 минути. Во сува сауна температурата е висока, 90-100 степени, а нивото на влажност е многу ниско, до 10 проценти, пренесув TruthTheory.

Еве која корист има вашето тело
За вашиот мозок:
Помага да се развијат нови клетки на мозокот.
Му помага на мозокот да работи побрзо.
Ја подобрува меморијата, вниманието и концентрацијата.
Помага да се спречат дегенеративни болести.
Ја подобрува моќта на медитацијат и визуелизацијата.
Олеснува анксиозност и депресија.
Природен е стимулатор на добро расположение.
За вашето тело:
Помага мускулите да се поголеми, посилни и поефикасни.
Ја зголемува можноста за долговечност и го забавува стареењето.
Предизвикува масовно ослободување на хормонот за раст, кој е поврзан со формирање на мускулната маса и намалено количество на масни наслаги.
Го зајакнува имунолошкиот систем.
Ја подобрува инсулинската сензитивност (го намалува ризикот од дијабетес и метаболички нарушувања)

Со потењето излегуваат сите токсини од телото:
Токсичните метали во трагите: Арсен, кадмиј, олово и жива.
Бисфенол-А (БПА) – го нарушува хормонот и ендокриниот систем. Го има во играчките, бебешките шишиња, пластичните садови, конзерви, итн.
Фталати, DEHP – можат да влијаат на машкиот сексуален развој и да предизвикаат рак. Тие се пронајдени во многу пластични работи и во некоја храна.
Изложеноста на висока температура може да има и контраиндикации
– Контраиндицирано е изложувањето на поголема топлината на срцевите болни, затоа што со проширување на крвните садови на периферијата се одзема дел од крвотокот за срцето или мозокот, кој веќе е компромитиран со болеста. Исто така, и на мажи кои планираат потомство, бидејќи високата температура на тестисите ја намалува плодната моќ на сперматозоидите – објаснува Бранислава Чилиќ др.мед, специјалист по семејна медицина од Загреб.

– На бремените жени на кои периферниот проток им одзема дел од крвотокот наменет за плацентата и фетусот, но, исто така, и во првите недели од бременоста не се препорачува. Покрај тоа делува на нивото на окситоцинот, хормон кој е одговорен за трудовите, но и за социјалното и емоционалното во нас. Не е препорачливо ниту за пациентите со хемороиди, оние во фебрилни состојби и на луѓе со висок и низок крвен притисок, а внимателни треба да бидат и дијабетичарите – додаде Бранислава Чилиќ др.мед.

Таа, исто така, ги спомена и придобивките од изложеноста на топлина.

– Се зголемува протокот на крв низ ткивото и така се ослободуваат метаболичките продукти, отровите, но, и се забрзува метаболизмот, што има поволен ефект за отворање на порите на кожата. Исто така, телото се обидува да го намали вишокот на топлина па користи дополнителна енергија, што може да доведе до повисока потрошувачка на калории и губење маснотии. Покрај тоа, се зголемува и забрзува циркулацијата на крвта, и лимфниот проток има корисен ефект на периферниот нервен систем, проток низ уморните мускули, и има смирувачки ефект. Исто така, има корисен ефект врз намалување на целулитот, што е особено важно за жените – објасни лекарот.