Мозаик 18.01.2019 21:33

Сериозни болести кој лекарот ќе ви ги открие

Сериозни болести кој лекарот ќе ви ги открие

Од срцето до психата
Вашата кожа е најголемиот орган на вашето тело и може да открие многу повеќе за вашето здравје отколку што поголем број луѓе мислат. Со оглед на тоа дека опфаќа голем простор и се менува брзо, кожата е често прво место на која можат да се забележат здравствените промени од дијабетес и астма, до ниво на стрес и хигиенските навики.

Мали израстоци на кожата
Според д-р Дорис Деј, професорката по дерматологија на Универзитетот Њујорк, на кожата се појавуваат мали грутки ако сте склони кон алергии или астма. Грутките се нарекуваат кератоза пиларис и можат да изгледаат како акни. Најчесто се бели, а иако можат да бидат и црвени. Обично не се опасни и не чешаат. Во повеќето случаи исчезнуваат до 30-тата година од животот, но често лицето тешко може да се реши од нив.

Темни, кадифени дамки на кожата
“Се појавуваат со телесните набори, како што се пазувите или преклопите на вратот, а укажуваат на висок степен на ризик од дијабетес, како и можноста дека болеста веќе се појавила, “вели д-р Ејми Дерик, клинички инструктор по дерматологија на Northwestern University. Оваа состојба, наречена acanthosis nigricans, понекогаш може да биде бенигна, но најчесто е поврзана со дебелината и дијабетес. Во многу ретки случаи, тоа може да биде знак на рак на желудникот, црниот дроб и на другите внатрешни органи.

Акни
“Повеќето тинејџери страдаат од акни. Сепак, појавата на акни кај возрасните може да биде знак за хормонската нерамнотежа”, објаснува Дерик. Ваквите симптоми може да укажуваат на синдромот на полицистични јајници. Жените се повеќе подложни на менување на нивото на хормони, поради земање на пилули.

Жолта боја на кожата
Кога кожата почнува да развива жолтеникав тон, тоа е често знак на заболување на црниот дроб. Оваа состојба се јавува кога црниот дроб престанува правилно да ги разбива старите црвени крвни клетки. Жолтицата најчесто се појавува кај новороденчињата, а кај возрасните тоа може да биде знак на болести на црниот дроб како што се хепатитис, цироза или рак.

Жолти области или дамки околу очите
Жолтите дамки околу очите е всушност холестерол, а студиите покажуваат дека тие се доста прецизни индикатори на срцеви заболувања и срцев удар.

Осип
Стресот и психолошките проблеми понекогаш можат да предизвикаат осип на кожата. Осипот кој може да ги влоши симптомите на стрес. Таквите осипи можат да исчезнат откако ќе се реши личен проблем.

Задебелена кожа на долниот дел на нозете
Тоа е чест знак на Грејвс Баседовлевата болест. Тоа е автоимуна болест која ја прави тироидната жлезда премногу активна и може да предизвика проблеми со видот, брзо чукање на срцето, потење, вознемиреност и оштетување на кожата.

Прекумерна посета на солариум
“Луѓето кои премногу се изложуваат на создавање вештачки тен, најверојатно имаат проблеми со менталното здравје”, вели д-р Деј. Млади луѓе кои се во депресија склони се проблемот да го “решаваат” со претерано потемнување на кожата и изложеност на опасни количини на ултравиолетова светлина.

Темни кругови околу очите
Може да укажуваат на замор, но и на алергија. Иако генетиката игра голема улога кога станува збор за темните кругови околу очите, темни кругови може да бидат знак на дехидратација, лишување од сон, мамурлак или проблеми со алергии.