Актуелно 14.11.2018 00:22

Шекеринска најавува одговорност за сите-Дали ќе одговара и Владата?

Шекеринска најавува одговорност за сите-Дали ќе одговара и Владата?

Заменик претседателката во Владата на Република Македонија и министерка за одбрана Радмила Шекеринска најави дека ќе одговараат сите што ја доведоа државата во ваква ситуација и оти Владата нема намера да ги спасува ѝ оти и должи на Македонија да се види дека секој е еднаков пред правдата.

Шекеринска ова го изјави во врска со потрагата по Никола Груевски по прес-конференцијата за седницата на Комитетот за НАТО.

На прашањето дали некој во Владата ќе сноси одговорност ако се покаже дека Никола Груевски избегал и дека го нема Шекеринска вели:

„Во оваа држава точно се знае кога Министерството за внатрешни работи може да се активира. Во тој момент кога ќе добие налог од надлежен Суд.

Факт е дека целата јавност очекува, како што претходно очекуваше судски пресуди, сега очекува одговорност. И навистина ќе се постави прашањето, како лесно, одредени судски инстанции одлучуваат за притвори за многу поситни дела, а како по прашањето на бомбите и по прашањето на одговорност за сите овие долги злоупотреби, тешко се одлучуваа за притвор. Не можеме ние како Влада, да се мешаме во судската власт.

Не можеме да го земеме ниту нивниот дел од одговорноста, ниту нивниот дел од задачите. Со право ќе бевме критикувани, ако Министерството за внатрешни работи, реагираше пред да има официјален налог. А сега судството треба да истражи зошто за овие случаи, велам, толку тешко применуваат притвор, а веќе им избегаа одредени луѓе и зошто требаше, ако не се лажам четри дена, за налогот од Суд, да стигне во Министерството за внатрешни работи? Но нема да ги решаваме проблемите ако Владата стане и обвинителство и судство и извршна власт.“

Најнови вести