Профитот на „Royal Dutch Shell“ за првиот квартал се зголеми за 42 отсто – најголем скок за компанијата во текот на изминатите три години, поттикнат од високите цени на нафтата и производството.
„Shell“ има големи очекувања за продолжување на силниот профит и стабилните готовински текови, откако англо-холандската компанија го победи и на двата фронта својот ривал „Exxon Mobil“ во 2017-та година благодарение на намалување на трошоците и поголемата ефикасност.
Прогнозите се дека во 2018-та година најголемите нафтени компании во светот ќе генерираат повеќе средства од кога и да било во оваа деценија по три години на падови, но управните одбори се уште остануваат претпазливи поради несигурноста околу краткорочните и долгорочни цени на нафтата.
Во последниот квартал од минатата година, „Shell“ сигнализираше дека може да одржува годишни исплати на дивиденда од околу 15 милијарди долари без да се насочи на заеми по три години ниски цени на нафтата.
Компанијата, исто така, планира да купи 25 милијарди долари од акциите до 2020-та година. Сепак, не е јасно кога ќе почне програмата.
Откако не можеа да одговорат на очекувањата во претходниот квартал, паричните текови од операции на „Shell“ за првите три месеци од оваа година се обнови до 9,43 милијарди долари, што сепак е малку помалку од претставувањето на годишна основа (9,5 милијарди долари на почетокот од 2017-та година).
Нето добивката за акционерите, исто така, се зголеми на 5,3 милијарди, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите за 5,2 милијарди долари. Пред една година, таа беше 3,7 милијарди долари.
Производството на компанијата, исто така, порасна за 2% до 3.8 милиони барели нафта дневно, при што профитот на сегментот речиси тројно се зголемил во споредба со претходната година.
Разликата меѓу долгот на „Shell“ и пазарната капитализација до крајот на март ќе е нешто помала отколку на крајот на 2018-та година, достигнувајќи 24,7%.