Актуелно 18.01.2019 09:27

Шесте најголеми американски банки го минаа прагот на профит од 100 милијарди долари

Шесте најголеми американски банки го минаа прагот на профит од 100 милијарди долари

Шесте најголеми банки во САД никогаш досега не го преминале прагот на вкупна добивка од 100 милијарди долари.

Од почетокот на новата сезона на објавување на резултати во САД, која започна пред неколку дена, „Goldman Sachs Group Inc.“, „JPMorgan Chase & Co.“ и останатите водечки финансиски институции забележаа профит од над 111 милијарди долари за 2018-та година. Податоците на „Morgan Stanley“ само ќе го направат износот уште поголем по објавување на нејзиниот извештај за четвртиот квартал подоцна денес.

Меѓу причините за силните резултати се даночните олеснувања на претседателот Доналд Трамп, како и зголемените каматни стапки, поголемиот број склучени договори и „бумот“ во банкарството на мало.

„JPMorgan“ и „Bank of America Corp.“ забележа рекордна година, а „Goldman Sachs“ и „Citigroup“ остварија најголем профит од финансиската криза. Најимпресивните суми и позитивните коментари од раководителите на банките може и да помогнат за дисипација на стравувањата дека растот на каматните стапки и трговскиот напон може да стават крај на најдобрите времиња за најголемите кредитори.

„Дали е крајот на еден циклус? Ние не мисламе така“, вели главениот финансиски директор на „JPMorgan“, Мериен Лејк. Според неа, прогнозата за раст во економијата останува стабилна, со очекувањата на банката за глобален раст, иако побавно.

Банкарскиот индекс „KBW Bank Index“ забележа раст од 11% во овој месец, стимулиран од резултатите за последниот квартал од 2018-та година, во чиј состав влегуваат 24 члена.

Во исто време рекордната сума ќе ги разгори критичарите на даночната реформа од 2017-та година, според кои измените до кој таа доведе, се вистинските за големите компании, отколку за претставниците на средната класа.

Во самите банки, придобивките од намалувањето на корпоративниот данок одат кај акционерите, а не на вработените во финансиските институции. Профитот на петте банки се зголемил за 28% во однос на претходниот максимум, а трошоците за надоместоци се зголемени за само 1,8% во однос на претходната година.