Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на почетокот на годинава излезе со информација дека службениот „Мерцедес“ на неговиот претходник Коце Трајановски премногу загадувал и затоа истиот ќе биде продаден.
Наспроти ветувањето, Шилегов денес се предомисли и реши да не го продава Мерцедесот од 2003-та година. Истиот ќе го поклони на скопската зоолошка.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ беа против, како што рече Светлана Колариќ, дволичниот популизам на градоначалникот Шилегов.
– Зошто ова возило загадувало на почетокот на годината, а сега не сте загрижен дека загадува, па што не му доделите еден лепицанер на директорот Ѓорѓи Гелетановски-Чомбе доколку тоа ви е врв на грижата, изјави советничката Колариќ.
Советничката Ирена Попова посочи дека Шилегов изјавуваше дека возилото е небезбедно, а сега го дава на Зоолошката градина, што значи дека дава на употреба небезбедно возило.
На ова Шилегов изјави дека возилото не можело да постигне висока пазарна цена и затоа не се продава.