Финансии 25.07.2018 15:13

Што да работам, кога ќе пораснам: Професии кои носат најмногу пари во Македонија!

Што да работам, кога ќе пораснам: Професии кои носат најмногу пари во Македонија!

Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности е сектор со просечна плата од 55.842 денaри, покажуваат податоци од Државниот завод за статистика.

Во воздухопловен транспорт просекот е 52.076 денари, во секторот финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови земаат просечна плата од 50.454 денари, во дејности за санација и останати услуги за управување со отпад платите се 44.712 денари. Вработените во секторот производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати земаат во просек по 43.361 денари.

Просечна месечна нето-плата во мај изнесува 24.509 денари, објави Државниот завод за статистика. Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај во споредба со претходната година изнесува 107,1, а се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна (23,1 %), финансиски дејности и дејности на осигурување (17,4 %) и информации и комуникации (15,3 %).

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.