Актуелно 25.02.2019 04:13

Што откако истече рокот за одземање на имунитетот на Вељаноски?

Што откако истече рокот за одземање на имунитетот на Вељаноски?

Судот треба да испрати ново барање до Собранието за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, бидејќи вечерва спикерот Талат Џафери ја прекина работата на 89. седница на Собранието, на која единствена точка на дневен ред беше барањето од Судот за симнување на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски и одобрување на мерката притвор која ја бара судот за случајот „27 април“.

Седницата беше прекината откако процедурална забелешка упати координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој рече дека Џафери го крши деловникот со тоа што не му е реализирано барањето за еден час пауза.

Според деловникот гласањето требаше да се реализира до полноќ, но Џафери ја прекина седницата и рече дека за нејзниото продолжение ќе бидат известени.

Аргументите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беа дека одлуката за притворот е донесена на друго место, а Собранието само е место каде треба да се изврши егсекуцијата.

Павле Богоевски кој е претседател на комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања на неколку пати во реплики рече дека постапуваат по барање на судот и дека е должност да се постапува по барање на судот и дека досега не била закочена работата на судот.