Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, по вчерашниот состанок на министрите во ЕУ порача дека ниеден колега не го покренал прашањето за азилот на поранешниот премиер Никола Груевски.
Како одговор на новинарско прашање, Сијарто рече дека поранешниот Груевски изразил желба да поднесе барање за азил во унгарска амбасада, но владата на Унгарија немала никаква улога во неговото доаѓање.
Тој рече дека унгарските власти првпат разбрале за случајот во една од соседните земји во Македонија и дека Груевски „целосно законски дојде во Унгарија во согласност со релевантните национални и меѓународни закони, а сите премини (на граници) беа легитимни”.
Унгарските власти, врз основа на безбедносни мерки, одлучиле да го сослушаат неговото барање за азил и тоа во централната канцеларија на Бирото за имиграција и азил во Будимпешта.
Како што рече, ниту еден колега од ЕУ не го покренал случајот во понеделникот. Тој, со македонскиот министер за надворешни работи, ќе одржи билатерални разговори на маргините на Самитот на НАТО во Брисел на почетокот од декември.
-За Унгарија, поддршката на Македонија не е прашање на партиска или владина симпатија. – рече Сијарто.
Тој, исто така, го повтори ставот на владата во Будимпешта дека тоа не е политичко, туку правно прашање.