Актуелно 15.03.2019 11:02

Силјановска Давкова: Ромите нема да бидат заборавени од државата

Силјановска Давкова: Ромите нема да бидат заборавени од државата

Кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова оствари средба со граѓаните во општина Шуто Оризари и со претседателот на организацијата РОМ.

-Благодарам за поддршката на Роми обединети од Македонија. Политиката на правична и соодветна застапеност е нужна да ги има предвид Ромите, нагласи Силјановска Давкова.

По средбата таа повтори пред присутните дека ќе биде претседателка која ќе обединува и ќе се залага правото и правдината да се вратат на пиедесталот.

-Ромите нема да бидат заборавени од државата како сега, бидејќи оваа власт ги заборави сите граѓани на Република Македонија за остварување на своите лични цели. Само со победа може да почне да се трга заевизмот кој владее низ државата, нагласи Силјановска Давкова.