Кандидатот од редовите на ВМРОИ-ДПМНЕ на претстојните претседателски избори Гордана Силјановска Давкова вечерва се сретна со претставници од ГРОМ.
-Јас побарав поддршка не само на Конвенцијата од делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, туку и од други партии и други политички субјекти и еве сум овде да го убедам ГРОМ дека врз основа на она што ќе го кажам и она што ќе го ветам да одлучи да ја поддржи мојата кандидатура, вели кандидатката Силјановска Давкова.