Актуелно 21.09.2018 09:49

Славески: Доколку ние не работиме на полето на економијата никој не може да ни помогне

Славески:  Доколку ние не работиме на полето на економијата никој не може да ни помогне

Во вчерашната емисија Клик Плус на ТВ 21 гостуваше поранешниот министер за финансии, универзитетски професор и член на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Трајко Славески.

Славески истакна дека и во време кога била економската криза во 2008 година Македонија бележела огромен број на прилив на странски инвестиции и дека лажен е фактот дека само со членството во ЕУ и НАТО тие  можат да се зголемуваат.

  • Доколку овој договор биде ратификуван и со некое волшебно стапче ние станеме членка на ЕУ додека ние самите не направиме многу работи со многу области пред се во областа на економијата модернизација на индустријата преструктуирање на индустријата преструктуирање на извозот тоа никој не може да ни го направи. Внимавајте имаме заблуда во јавноста дека ќе почнат да течат средства пари фондови од секаде а ние ќе стануваме побогати и побогати секој ден е далеку од вистината.