Актуелно 14.02.2019 00:43

Сочувство од премиерот Заев за загинатите во несреќата на патот Скопје-Тетово

Сочувство од премиерот Заев за загинатите во несреќата на патот Скопје-Тетово

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил изрази сочувство за загинатите во тешката сообраќајка што се случи попладнево на патот Скопје-Тетово, кај Карпалак.

-Неизмерна е болката и тагата и нема зборови што можат да бидат утеха за тешката сообраќајна несреќа која беше кобна за повеќемина наши сограѓани. Сочувствуваме со најблиските за нивните загуби. Ги мобилизираме сите сили и капацитети да им помогнеме на сите останати со животозагрозувачки и други повреди колку што може побрзо да ја добијат неопходната помош и да им се вратат на своите најблиски, напиша Заев.