Велика Британија ќе го одбележи своето заминување од Европската Унија со издавање на специјална монета во текот на следната година, објави „Сан“.
Според весникот, шефот на трезорот, Фил Хемонд, подоцна денеска ќе го објави издавањето на специјалната монетa во вредност од 50 пени, пренесе агенцијата АП.
На монетата ќе пишува „Пријателство со сите нации“ и ќе биде издадена на 29 март кога Британија треба да го напушти Европскиот блок по 45 години членство.