Списанието Finance Central Europe во своето 19-то годишно рангирање на банките во Југосточна Европа, ги рангираше и најдобрите банки за 2018 година во Македонија врз основ на пет критериуми и го прогласи најдобриот банкар во земјава.
За најдобра банка во Македонија, според магазинот, е прогласена Стопанска банка АД Скопје, најдобра банка според јачината на активата Комерцијална банка АД Скопје, а најдобра банка според јачина на капиталот Стопанска банка АД Скопје.
Според рангирањето најдобра банка по добивка пред оданочување е Стопанска банка АД Скопје, за најдобра банка според поврат на актива НЛБ Банка АД Скопје, која е и најдобра по принос на капитал.
За најдобра мала банка е прогласена Шпаркасе банка АД Скопје.
Според Finance Central Europe најдобар банкар во Македонија за 2018 година е Диомидис Николетопоулос СЕО Стопанска банка АД Скопје.
Овој магазин ги рангира банките 19 години во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Турција.