Банкарство 24.01.2019 00:38

Списанието „Фајненс Централ Јуроп“ (Finance Central Europе) ги рангираше најдобрите банки во Македонија

Списанието „Фајненс Централ Јуроп“ (Finance Central Europе) ги рангираше најдобрите банки во Македонија

Списанието Finance Central Europe  во своето 19-то годишно рангирање на банките во Југосточна Европа, ги рангираше и најдобрите банки за 2018 година во Македонија врз основ на пет критериуми и го прогласи најдобриот банкар во земјава.

За најдобра банка во Македонија, според магазинот, е прогласена Стопанска банка АД Скопје, најдобра банка според јачината на активата Комерцијална банка АД Скопје, а најдобра банка според јачина на капиталот Стопанска банка АД Скопје.

Според рангирањето најдобра банка по добивка пред оданочување е Стопанска банка АД Скопје, за најдобра банка според поврат на актива НЛБ Банка АД Скопје, која е и најдобра по принос на капитал.

За најдобра мала банка е прогласена Шпаркасе банка АД Скопје.

Според Finance Central Europe најдобар банкар во Македонија за 2018 година е Диомидис Николетопоулос СЕО Стопанска банка АД Скопје.

Овој магазин ги рангира банките 19 години во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Турција.