Актуелно 30.07.2018 14:18

Според извештајот на Народната Банка граѓаните и фирмите земале повеќе кредити во вториот квартал

Според извештајот на Народната Банка граѓаните и фирмите земале повеќе кредити во вториот квартал

Домаќинствата и корпоративниот сектор најмногу придонесоа за раст на кредитната активност во вториот квартал од годинава, покажува најновиот извештај на Народната банка.

Според извештајот, на годишна основа, кредитниот раст на крајот на вториот квартал од годинава достигна 6,3 отсто.

Во однос на изворите на финансирање, забележан е забрзан раст и на депозитите. Годишниот раст на вкупните депозити на крајот на јуни достигна 10,5 проценти, што, исто така, е над последната проекција од 7,4 отсто.

– Забрзувањето на растот кај депозитите во вториот квартал произлегува од депозитите на претпријатијата, со натамошен позитивен придонес на депозитите на домаќинствата, оцени НБРМ.

Се очекува позитивните трендови кај депозитната база на банките да продолжат и во следниот период, обезбедувајќи стабилни извори за финансирање на кредитниот раст, што според априлската проекција, во следните две години би се движел помеѓу 6,5 и 7,7 отсто.

– Се очекува домашната економија и натаму да биде поддржана од кредитната активност на банките, во отсуство на инфлациски притисоци и задржување на поволната надворешна позиција, што ќе овозможи одржување на девизните резерви во сигурната зона, смета Народната банка